ЕНТЕРИЕР

РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИ
ПРОЕКТИ

Вашиот дом е повеќе од простор – тоа е место каде што започнуваат и завршуваат вашите денови, каде се создаваат спомени и каде се чувствувате најудобно.



Ние веруваме дека секој дом треба да биде уникатен и автентичен како луѓето што живеат во него.

Нашиот тим работи со вас за да го трансформира секој квадратен метар од вашиот дом, без разлика дали станува збор за целосно реновирање, дизајн на нов простор или освежување на постоечкиот ентериер. Со користење на природни материјали како масивно дрво, иверка, медијапан и иновативни решенија, креираме простори што се функционални, естетски и одраз на вашиот стил.

Од концепт до изведба, ние внимаваме на секој детал:


Со нас, вашиот дом станува вистинско место за живеење и уживање.

Комерцијални Простори

Комерцијалните простори треба да бидат функционални, но истовремено да ја рефлектираат личноста и целта на брендот. Ние сме специјализирани за креирање на елегантни и практични решенија за хотели, ресторани, кафулиња и канцеларии.

Со примена на материјали како масивно дрво, МДФ и модерни декоративни елементи, дизајнираме простори што ги инспирираат вашите клиенти и го олеснуваат секојдневното работење.

Нашите услуги за комерцијални простори вклучуваат:

  • Проектирање и изведба на функционални канцеларии со уникатен стилски мебел
  • Креирање на пријатни и атрактивни ентериери за ресторани и кафулиња
  • Опремување на хотели со мебел од висок квалитет и долготрајност


Без разлика дали реновирате или започнувате нов проект, нашиот тим ќе ви помогне да го направите вашиот простор место каде што луѓето сакаат да го поминуваат своето време.  

Работите на голем проект?


Ви треба уникатно креативно решение за угостителски објекти, хотели, канцеларии или малопродажни простори?

Тогаш нашата комплетна услуга е совршена за вас! Нашиот тим е подготвен да ви помогнe во развојот и изведбата на вашиот проект, прилагоден според вашите специфични барања и потреби, заштедувајќи го Вашето време.

Испратете ни ги вашите дизајн-планови, и член од нашиот тим ќе ве контактира што е можно побрзо за да започнеме со планирањето на вашиот проект!

ЕКСТЕРИЕР

Надворешни Елементи




Надворешниот простор е продолжение на вашиот дом или бизнис, и затоа заслужува исто толку внимание и креативност.

Со користење на издржливи и природни материјали, ние дизајнираме и изработуваме надворешни елементи кои го збогатуваат вашиот екстериер.

Секој елемент е отпорен на временски услови, но и визуелно привлечен, создаден за да го надополни вашиот простор и да обезбеди комфорт и елеганција.

Нашите решенија за надворешен дизајн вклучуваат:

Имате готов проект и ви треба изведба или консултација?

Доколку имате готов проект за кој ви треба консултација, доработка или изведба – испратете ни го на office@matto.mk и ќе ве контактираме во наредните 2 работни дена, или пополнете го формуларот за барање на понуда.