Добредојдовте во нашиот свет каде формата добива функција!


Сè започна со идејата – од дрвото да направиме уметност и да му подариме втор живот.

Ние сме тим млади, но искусни – архитекти, дизајнери, мајстори и занаетчии – кои создаваат мебел, ентериерни и екстериерни решенија со безвременска естетика и беспрекорна функционалност. Нашата љубов кон дрвото, природните материјали и иновативните решенија нè мотивира да создадеме простори што ќе инспирираат, ќе траат и ќе носат уникатен печат на вашиот стил.

Заедно, од 2021 година наваму, зад нас оставаме неколку големи и мали проекти во кои сме вложиле многу труд, внимание и љубов. Горди сме што секое парче кое ќе излезе од нашите раце зборува за посветеноста и квалитетот што ги нудиме – без разлика на предизвиците.

Имате идеја за разубавување или опремување на Вашиот дом?

Нашето искуство


Во изминатите 4 години работевме во Македонија на домашен терен, но и на интернационални проекти, успешно реализиравме бројни проекти од кујни, детски соби, дневни простори, дрвени скали, трпезариски маси, па сè до дрвени перголи, летниковци, покривни конструкции и екстериерни решенија. Нашиот тим има работено низ целата земја, вклучувајќи Скопје, Кочани, Кратово, Штип, Охрид, како и во Србија, каде учествувавме во уредувањето на хотелот 21st Century Zlatibor со дрвени огради, клупи и скулптурални поставки.

Секогаш сме отворени за нови проекти, клиенти и предизвици! Контактирајте нè!

Нашата мисија е едноставна, но значајна:

  • Да направиме секоја куќа да стане дом
  • Да создадеме простори со непрекинато движење и иновативни решенија
  • Да ви помогнеме да го реализирате просторот од вашата имагинација, каде убавината, функционалноста и личноста се спојуваат совршено

Веруваме дека секој простор заслужува да биде обликуван со внимание, соодветно на животниот стил на корисникот. Затоа, работиме ексклузивно со природни материјали, користејќи дрво од даб, орев и ламелирано дрво, а сите останати елементи, фитинзи, бои и масла се набавени од реномирани производители.

Зошто да не изберете нас?

  • Целосна услуга – од идеја до реализација
  • Изработка по мерка – индивидуални решенија за вашиот простор
  • Експертиза во работа со дрво – квалитет што трае
  • Професионален пристап – работиме со архитекти, дизајнери и деловни клиенти


Без разлика дали ви треба дизајн, мебел, реновирање или целосно уредување, ние сме тука да го претвориме вашиот простор во место што ќе ве инспирира секој ден.

Имате готов проект и ви треба изведба или консултација?

Доколку имате готов проект за кој ви треба консултација, доработка или изведба – испратете ни го на office@matto.mk и ќе ве контактираме во наредните 2 работни дена.

Прочитајте ги нашите блог текстови